речник контакт

Русија победник на Евросонг, како и зошто отпадна Македонија од финалето?

Русија и нејзиниот претставник Дима Билан се годинашниве победници на Евросонг 2008 кој се одржа во Белград. Нашите Тамара, Врчак и Адријан не се пласираа во финалето, па сигурно ќе ве интересира како минавме на гласањето во полуфиналето.

Петар Печков

Русија и нејзиниот претставник Дима Билан се годинашниве победници на Евросонг 2008 кој се одржа во Белград. Нашите Тамара, Врчак и Адријан не се пласираа во финалето, па сигурно ќе ве интересира како минавме на гласањето во полуфиналето. Македонија беше 10-та со 64 поени три помалку од деветата Албанија со 67 но 10 повеќе од Шведска која иако имаше 54 според новите правила се пласираше во финалето. Имено од годинава, откако се воведоа две полуфинални вечери, во финалето според гласовите одат по 9 земји, додека 10-тата ја бира жири.



\"\"Ние бевме со таква среќа што како десета за малку отпаднавме а Шведска послабо пласирана од нас преку жири отиде во финале. Еве и кој во полуфиналето ни даде гласови: Хрватска и Србија по 12, Бугарија 10, Швајцарија 8, Турција и Албанија по  7, Чешка 4, и по 2 поени од Данска и Шведска. Македонија пак своите гласови во полуфиналето ги даде на Албанија 12, Хрватска 10, Турција 8, Бугарија 7, Украина 6, Чешка 5, Литванија, 4,  Данска 3, Грузија, 2, Швајцарија 1. Во финалето знаете како гласавме, на победничката руска песна ,,Верувам,, и дадовме 6 поени, 12 повторно за Албанија, на Грција 3. Годинашниот победник Билан пред две гдоини на истиот фестивал во Атина го освои 2-то место. Догодина во Евросонг ќе се одржи во Москва.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »